33 години искуство и семејни вредности.  

Александрас е компанија која е градена на основни семејни вредности. Основана е во 1989 година и се до денес има основна цел да ја пренесе желбата на клиентот на еден пријатен и креативен начин во реалноста, се разбира во согласност со буџетот. Клиентите се третираат со голема почит и разбирање. Целиот тим е составен од кретивни поединци кои имаат специјализирно во одредена фаза во проектот.

Главната инспирација се добива од самите клиенти и нивните желби за бои, осет за простор, ергономија на движење, се со цел да се постигне лесен и функионален дизајн, пријатен за користење.

Уредувањето на домот не е едноставен процес, па ние како компанија се трудиме да го олесниме и да го направиме позитивно искуство за келинтите.

01 Нашата историја
02 Процес

Доколку сакате да го уредувате домот или вашето работно место процесот на креирање на идејата е лесен. Се состануваме за да се запознаеме, да добиеме информации за вашите желби и можности, потоа го разработуваме просторот до негово идеално решение во согласност со предходно утврдени сретсва и за почнуваме со работа. Соработуваме со повеќе тимови с кои се добро запознаени и можеме да изработиме се што ќе понудиме во визуализацијата што ја добивате и која ќе ви се допадне.


Нашата цел е секој изработен проект да го отсликува клиентот, и неговата креативност, а воедно просторот да ги задоволи потребите со функционален дизајн. Ваквиот индивидуален пристап на секој проект ни овозможува да се соочуваме со нови предизвици и секако нивните креативни решенија. Нашата главна задача е да моделирами идеи и концепти во просторот за луѓе кои сакаат да си го подобрат квалитетот на живеење.

УСЛУГИ

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН И ПРОЕКТИРАЊЕ

Како фунционира нашето работење?

  • Првата фаза од нашата работа е да ве запознеме, што ви се допаѓа, кои бои ги преферирате, кој стил ви е омилен, какви ви се потребите од вашиот простор и какви фунции сакате просторот да има и со колкав буџет сакате да работите. Сите овие информации ни се потребни за да можеме да дојдеме до решение кое ќе биде фунционално, елегантно, практично, ќе нуди комфорт и ќе ве отсликува вас и вашиот начин на живот.

  • Втората фаза е земање мерки на просторот, утврдување на моменталнта состојба на просторот, давање совети за кои акции треба да се превземат за да се постигне крајната реализација

  • Третата фаза е разработување на варијати во основа за да се постигне целосно искористување на капацитетите на просторот

  • Четврта фаза е визуализација на просторот со реални модели и спецификација за истите.

РЕАЛИЗАЦИЈА, РЕНОВИРАЊЕ И НАДЗОР

По изработениот идеен проект за внатрешно уредување, настапува реализацијата. Ова е планско работење каде што фазите се подредуваат да може да се заврши во најбрз можен рок, зависно од обемот на работата. Во оваа фаза веќе се работи по предходно договорен план и сите страни се запознаени со процесот на работа.Во оваа фаза се извршуваат предходно утврдените работи како рушење, преградување на нови ѕидови до завршна фаза, поставување на нова електрична инсталација доколку станува збор за објект кој има потреба за тоа.


Вака договорената работа ви заштедува време и го олеснува максимално целиот прецес на уредување на просторот. Ние соработуваме со тимови кои се квалитетни и веќе имаме доволно искуство да се справиме со сите попратни предизвици кои се појавуват во текот на работењето.


Нашиот тим врши и надзор на работењето, секако по предходен договор, со кој ќе го проверуваме квалитетот на изработка и доследно ќе го оствариме реализирањето на идејното решение на просторот. Вие ќе имате увид во секоја фаза од работењето, и за се ќе можете да не консултирате. Искуството кое го имаме стекнато со работење низ годините ќе ви биде на располагање, така да уредување ќе стане еден прекрасен процес со задоволувачки крајни резултати.

ДИЗАЈН НА МЕБЕЛ

Креирање на мебел кој комплетно одговара на вашиот простор, а сепак е функионален и има уникатен дизајн е наша задача која ја исполнуваме со радост.

Мебелот кој е претставен во визуализацијата може да биде и комплетно рализиран со предложени однапред одобрени материјали и бои. Индивидуалното проектирање на мебелот, балансот помеѓу нивната фунционалност и дизајнот, како и нивната добра изработка се клучни моменти од современото уредување на просторот.